ТРАДИЦИЈАТА ВО РАЦЕТЕ НА МЛАДИТЕ: УЧЕНИЦИ ОД ЃОРЧЕ ПЕТРОВ УЧЕА ДА ИЗРАБОТУВААТ ФИЛИГРАН!
Ученици од осмо и деветто одделение од Ѓорче Петров учествуваа на работилница за изработка на филигран, преку која имаат можност да се запознаат со овој традиционален занает и да ја развиваат својата креативност.
Работилницата е дел од проектот „Филигрански Архипелаг 249“ на Марија Милошевска, поддржан од Општина Ѓорче Петров. Учениците имаат можност самостојно да создадат филигрански дела, кои потоа ќе бидат претставени на изложба.
Од Општина Ѓорче Петров најавуваат дека ќе продолжат да ги поддржуваат културните активности, занаетчиите и иницијативите за зачувување на традиционалното наследство.
