Порасна сумата на К-15 во приватниот сектор – еве колку изнесува сега

Дали Знаете, Македонија

Минималниот износ на регресот за годишен одмор, популарно познат како К-15, во приватниот сектор надмина 19.000 денари за исплатите што се пресметуваат според најновите податоци за просечната нето-плата. Новата пресметка доаѓа по објавувањето на августовската плата за 2026 година, која достигна 48.733 денари според податоците на Државниот завод за статистика, пишува „Вечер.прес“.

Просечната месечна исплатена нето-плата во август била повисока за 7,6 проценти во споредба со истиот месец минатата година, а минималниот износ на К-15 се пресметува според просечната плата во последните три месеци.

Така, растот на платите влијае и врз висината на минималниот регрес, кој во приватниот сектор се утврдува како најмалку 40 проценти од просечната во изминатиот период.

Според последните објавени податоци за јуни, јули и август, просечната нето-плата за трите месеци изнесува 48.537,67 денари. Пресметано според оваа основица, 40 проценти изнесуваат околу 19.415 денари. Тоа значи дека за работодавачите кои одлуката за исплата ја носат во овој период, а како основица ги земаат овие најнови податоци, минималниот К-15 би изнесувал околу 19.415 денари.

Сепак, точниот износ зависи од применливата основица на денот на донесувањето на одлуката за исплата, па поради тоа е можно работници од различни фирми да добијат различна сума, пишува порталот.