Коњановски: 11 Октомври нè потсетува на храброста и жртвата за Македонија

Македонија

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, по повод 11 Октомври – Денот на народното востание, упати порака за почитување на жртвата на борците за слобода и за продолжување на заложбите за напредок на Македонија.

Коњановски потсети дека пред 85 години, со акциите во Прилеп и Куманово, започнало востанието против фашистичкиот окупатор. Во својата порака го истакна 11 октомври 1941 година како симбол на отпорот на македонскиот народ и почеток на Народноослободителната и антифашистичка војна.

„Тоа е важен темел во борбата за самобитност и самостојност“, нагласи Коњановски.

Тој порача дека оддавањето почит на борците кои ги положиле животите за Македонија носи и обврска да се создаваат подобри услови за сегашните и идните генерации.

Според Коњановски, заложбите за напредок на државата треба да продолжат во сите области на животот, со одговорност кон наследството на оние што се бореле за нејзината слобода.

„Нека ни е честит 11 Октомври“, порача градоначалникот на Битола.