Проданоски: Прилеп вечерва свечено одбележува 85 години од 11 Октомври
Градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски, ги повика граѓаните вечерва, 10 октомври, да присуствуваат на свеченото одбележување на 85-годишнината од 11 Октомври.
Програмата ќе започне во 19:30 часот на плоштадот „Александрија“, пред Камената бина. Предвидени се свечена програма, огномет во 20:00 часот и музички настап на Андријана Јаневска.
„Во срцето на нашиот град, заедно да го одбележиме овој значаен историски јубилеј!“, порача Проданоски.
Во поканата до сограѓаните, тој го истакна 11 Октомври како ден на македонскиот непокор и борбата за слобода.
