Муцунски: Нема македонско цвеќе за Самоил во Софија

Македонија, Политика

Министерот за надворешни работи , Тимчо Муцунски, одбил да им одговори на новинарите во Софија дали ќе положи цвеќе пред саркофагот на цар Самуол во црквата „Софија“ и подвлекол дека „не се дискутира за прашања поврзани со враќањето на посмртните останки на ******** владетел“, објави БГНЕС.

Посмртните останки на цар Самуил беа предадени на 3 октомври оваа година од Грција во Бугарија. Тој ден беа погребани во храмот во главниот град. Кога новинарот на БГНЕС го прашал дали ќе положи цвеќе пред саркофагот, Муцунски двапати повторил: „Ова прашање не се дискутира“.

Според одлуката на Заедничката историска комисија од 21 февруари 2019 година „царот Самоил и неговата драматична судбина се симбол на заедничката историја што ја делат современите држави Бугарија и Македонија“, објави Независен
Саркофагот во кој во Бугарија треба да бидат положени посмртните останки на цар Самоил е изработен од бел мермер од околината на Прилеп, во Македонија. На капакот е врежан натписот „Самоил во Христа Бога, цар на Бугарите“, објави Бугарската национална телевизија, објави ВЕСТИМАК.мк.

Саркофагот се изработува во каменорезачка работилница во Велинград. Покрај натписот, на него се врежани повеќе христијански и средновековни симболи поврзани со Самоил и неговото време.

На капакот се наоѓа крст направен според симболот на надгробниот камен на таткото на Самоил. Под натписот се прикажани две стилизирани птици, мотив преземен од ткаенина за која се смета дека била дел од погребната облека на Самоил, а денес се чува во Музејот на византиската култура во Солун.

Според бугарскиот археолог Људмил Вагалински, станува збор за скапа свилена ткаенина проткаена со златни нишки, каква што во почетокот на единаесеттиот век можеле да носат владетели. Тој оценува дека двете птици можеби претставувале династички симбол.

На страните на саркофагот се врежани и христограм, Архангел Михаил, црквата „Свети Ахил“ меѓу два пауна, како и претстава на Самоиловата тврдина. Дел од украсите се инспирирани од средновековни камени релјефи кои во Бугарија се поврзуваат со времето на Првото Бугарско Царство и со владеењето на Самоил.