„Долгорочна антимакедонска политика“: Ачкоска за размената на артефакти меѓу Грција и Бугарија
Историчарката Виолета Ачкоска реагира со сарказам за примопредавањето на наводните останки на Цар Самоил од Грција на Бугарија најавено за в сабота како дел од договорената размена на артефакти меѓу двете земји.
„По лажниот костур на Филип II Македонски, следи неидентификуван костур на Самуил. Размена на грчко-бугарски артефакти кои имаат малку врска со самите нив, но служат на долгорочната антимакедонска политика. Предлагам и ние Македонците да дадеме нешто. Еве, на пример, останките на Леонидас да ги поклониме на Хелада, а останките на Хан Аспарух на Бугарија, како знак на ‘заедничка историја’. Не е важно чии се коските. Ги имаме на тони и ќе си ги именуваме по потреба. Сè за добрососедство“, коментира Ачкоска на Фејсбук.
