Утре е голем празник, особено за жените – еве што треба да внесете во домот за мир и вистинска среќа!
Православната црква на 30 септември го одбележува празникот посветен на светите маченички Вера, Надеж и Љубов и нивната мајка Софија.
Во православната традиција овој ден се уште се нарекува и општ „женски ден“, бидејќи носи длабока симболика за семејното огниште, мајчинската мудрост и опстојувањето на христијанските вредности и во најтешките времиња.
Според преданијата, во вториот век во Римската империја живеела благочестивата вдовица Софија (чие име во превод значи „Мудрост“). Таа своите три млади ќерки ги воспитувала во христијанската вера и им ги дала имињата на трите најголеми христијански добродетели: Вера, Надеж и Љубов.
Кога суровиот император Адријан дознал за нивната вера, се обидел да ги принуди да се откажат од Христа и да им се поклонат на паганските идоли. Девојките, иако мошне млади (најголемата имала само околу 12 години), храбро ја отфрлиле наредбата, по што биле подложени на тешки мачења и погубени пред очите на нивната мајка.
Мајката Софија ги погребала своите чеда и од голем тага починала на нивниот гроб по три дена. Црквата ја прославува мајката Софија како маченичка по срце и страдање.
За што се молат верниците на овој ден?
На овој светол ден православните верници се обраќаат кон светите сестри и нивната мајка со посебни молитви.
Се молат за здравје на семејството, зајакнување на брачните врвки и хармонија во домот. Света Вера дава сили во искушенијата и зацврстување на духовната рамнотежа. Света Надеж помага против очај, депресија и губење на животната смисла. Света Љубов пак, носи мир во срцето, ублажување на гневот и меѓусебно разбирање.
А, на Света Софија, верниците ѝ се молат за стекнување божествена мудрост во воспитувањето на децата и за заштита на мајчинството.
Што да се внесе дома и што да се направи за благодат и среќа?
Според народните обичаи поврзани за овој ден, постојат ритуали кои привлекуваат благосостојба.
Обичај е да се запалат три свеќи пред ликот на Исус Христос – две се оставаат во храмот, а третата жена ја носела дома и ја ставала во центарот на месениот леб или погача. Над овој леб се читала семејна молитва за мир и благосостојба, а потоа се делел на најблиските.
Се верува дека мирисот на домашно печиво и полната трпеза привлекуваат изобилство, па според верувањето, ако семејството е сито и радосно овој ден, во домот ќе владее мир цела година.
Исто така, традицијата наложува да се поканат гости, да се почестат соседите или да им се помогне на сиромашните и осамените, бидејќи милосрдието привлекува благослов.
Што не треба да се прави утре
За да не се привлече несреќа и да не се наруши мирот во домот, се препорачува да се избегнува тешка физичка работа и чистење: Во минатото се сметало дека жените на овој ден треба да се одморат од тешките домашни работи.
Според народните верувања, не треба да се фаќаат ниту игли и конци за да не се предизвикаат солзи и маки во семејството.
Строго е забрането да се караат членовите на семејството, да се пцуе или да се искажува злоба и завист, бидејќи тоа го разорува домашниот мир, според народните верувања. И уште нешто – остатоците од трпезата не смееме да ги фрламе во ѓубре; во духот на традицијата, тие треба да им се дадат на домашните животни или птици за да нема оскудица во дометот.
Нека ни е честит празникот!
