Димитриеска-Кочоска: Благодарност до Лосон за неговиот придонес во економската соработка

Македонија

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска денеска оствари проштална средба со амбасадорот на Обединетото Кралство, Метју Лосон, по повод завршувањето на неговиот дипломатски мандат во Македонија.

Димитриеска-Кочоска му се заблагодари на амбасадорот за неговата посветеност и придонес во продлабочувањето на партнерството меѓу Македонија и Обединетото Кралство.

Како што истакна министерката, особено значајна е досегашната соработка во областа на економијата, инвестициите и институционалниот развој.

„Нашето Стратешко партнерство е цврста основа за продолжување на оваа соработка и во иднина, во интерес на економскиот напредок и граѓаните“, порача Димитриеска-Кочоска.

Таа на амбасадорот Лосон му посака успех во неговиот понатамошен професионален ангажман.