ДИМЧЕ му подаде рака на Игор „ШЕМА“: Левица се приклучува на разговорите за формирање опозициски фронт заедно со платформата 12.05

Македонија, Политика

Левица се приклучува на разговорите за формирање опозициски фронт заедно со Платформата 12.05. Партијата денеска ја прифати поканата заедно да разговараат за тоа каде е Македонија 35 години по независноста. И двете страни велат дека имаат многу разлики, но иста цел – мобилизација против владата на ВМРО-ДПМНЕ.

Од Платформата 12.05 тврдат дека нивната поддршка помеѓу членството на СДСМ, но и граѓаните секојдневно расте. Ова според Ивановски е уште еден доказ дека на партијата и се потребни структурни промени, кои тие ќе ги иницираат следната недела по средба со Филипче.

Од СДСМ пак и денеска обвинуваат дека Платформата 12.05 е финансирана од ВМРО-ДПМНЕ, со цел ситнење на опозицијата, Ваквите обвинувања пак според владејачката партија ја водат СДСМ кон самоуништување.

-Сите заедно против единствениот бастион на слободата – СДСМ. Сите заедно против Филипче, кој секој ден се бори против оваа банда, на терен, со граѓаните, со народот што едвај го врзува крајот со крајот. Ете, граѓаните сега имаат црно на бело. Тендери за основачите на Платформата „за иднината на Мицкоски“. 1,6 милиони евра. Помалку од Гета. Повеќе од нивната чест. Нема да помине. Готово е со дефокусот. Со лагите. Со црните кампањи, вели Богданка Кузеска – портпаролка и членка на Извршниот одбор

-На Филипче ВМРО-ДПМНЕ му е виновно за се, дури и за случувањата во неговата партијата. Ако на Филипче му е единствен начин на делување хистеријата што ја шири, ако се определил само за критика и напад кон се и сешто, дури и кон некогашни сопартијци, членови и носители во минатото на функции, тогаш навистина е на лош пат. ВМРО-ДПМНЕ како партија која сега ја предводи Владата може само да продолжи со грижа за граѓаните, а Филипче добронамерно го советуваме – очајот и нападите да ги остави на страна. На Македонија и треба силна опозиција, а не како што е сега СДС, партија на која ВМРО-ДПМНЕ и е виновна за се, Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ

Ова е втор настан кој го организира Платформата „Разговори за идинината во 12.05“, сочинета од актуелни и поранешни функционери на СДСМ, која на 1 јули за прв пат се промовираше како иницијатива за структурни промени во СДСМ.