Проданоски: „Градот во мене“ е уште една убава приказна за Прилеп раскажана преку уметноста

Македонија

Градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски, вечерва присуствуваше на отворањето на изложбата „Градот во мене“ на прилепскиот академски уметник Александар Џинго, поставена во Ликовната галерија на НУЦК „Марко Цепенков“.

Во своите најнови дела, Џинго на специфичен начин ги спојува реализмот и апстракцијата, со посебен акцент на човекот, емоциите и личното доживување.

Проданоски истакна дека е особено значајно што Прилеп има уметници кои преку своето творештво го збогатуваат културниот живот и придонесуваат за афирмација на градот како средина со богата уметничка традиција и современ творечки дух.

„Александар, честитки за изложбата и за твојот досегашен творечки пат! Ти посакувам уште многу инспирација и успешни изложби. ‘Градот во мене’ е уште една убава приказна за нашиот Прилеп, раскажана преку уметноста“, порача Проданоски.