Тоневски: Спортот ги обедини учениците во Пробиштип
Со спорт, дружење и натпреварувачки дух, во Пробиштип беше одбележана Европската недела на спортот. Општина Пробиштип, во соработка со основните училишта, организираше училишен спортски ден на кој учениците се натпреваруваа во баскет, фудбал и одбојка.
Спортските терени во текот на денот беа исполнети со ученици, наставници и спортски активности, а настанот беше во знакот на промовирање на физичката активност, дружењето и здравите навики кај младите.
Градоначалникот на Општина Пробиштип, Тони Тоневски, истакна дека ваквите активности имаат значајна улога во поттикнувањето на младите да спортуваат и да бидат активни.
Настанот се реализираше со поддршка од Министерството за спорт, а благодарност беше упатена до учениците, наставниците и сите кои придонесоа за неговата успешна организација.
