Швајцарските навивачи во Скопје подготвуваат марш до стадионот – собир пред ГТЦ, а деталите вреди да се видат

Дали Знаете, Македонија, Спорт

Македонија в сабота го започнува настапот во Лигата на нации, а на стартот ќе се соочи со Швајцарија, која ја има фаворитската улога во пресрет на дуелот.

Гостите во Скопје нема да бидат без поддршка од трибините, бидејќи се очекува во главниот град да пристигне значителен број швајцарски навивачи. Од Швајцарската фудбалска федерација објавија и информации со насоки за навивачите, со цел натпреварот да помине без проблеми.

Според најавите, швајцарските фанови ќе се собираат од 16:00 часот пред ГТЦ, а во 19:00 часот ќе тргнат во организиран навивачки марш кон стадионот.

Од федерацијата воедно ги замолиле навивачите да не оставаат налепници во локалот каде што ќе се собираат. За стадионот, пак, наведено е дека ќе бидат дозволени швајцарски и кантонални знамиња, како и традиционалните кравји ѕвонци.

Натпреварот меѓу Македонија и Швајцарија е закажан за 20:45 часот.