Започна „Пастрмалијада 2026“ во Штип со традиционално сечење на џиновската пастрамајлија
Со мирисот на традиционалниот штипски специјалитет и богата културно-забавна програма, во Штип започна „Пастрамајлијада 2026“. Манифестацијата беше отворена со традиционалното сечење на џиновската пастрамајлија на шеталиштето „Ванчо Прќе“.
Годинашната џиновска пастрамајлија била долга 2,10 метри. За нејзината подготовка, пекарот Николче Малинов и неговиот тим употребиле 17 килограми свинско месо, четири литри масло за јадење и 20 килограми брашно.
Градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов, истакна дека градот е подготвен да ги пречека гостите од земјата и странство, кои ќе имаат можност да ја пробаат штипската пастрамајлија, но и да уживаат во музичката програма.
Годинава настаните се организирани на две локации – шеталиштето „Ванчо Прќе“ и Градскиот стадион. На стадионот ќе се одржи вечерниот концерт на Јован Јованов и Елмир Мекиќ, а програмата ќе заврши со настапот на Жељко Јоксимовиќ.
Јорданов посочи дека се преземени логистички и организациски мерки за полесен прием на големиот број посетители и возила. Тој ги повика гостите од околните градови и од странство да пристигнат неколку часа порано, за да имаат можност да ја посетат манифестацијата, да го запознаат Штип и да уживаат во предвидената програма.
Според Јорданов, „Пастрамајлијада“ има значење и за локалната економија, бидејќи зголемениот број посетители се очекува.
