„Срамота“ – Рама со реакција по пресудите во Хаг објави
Албанскиот премиер Еди Рама се огласи по денешната пресуда во Хаг за поранешните лидери на Ослободителната војска на Косово, објавувајќи само една порака. Рама на социјалните мрежи сподели фотографија со сина заднина и круг од бодликава жица, во чија средина стои зборот „Срамота“.
Претходно, Специјализираните совети на Косово во Хаг ги осудија Хашим Тачи и Јакуп Красниќи на по 25 години затвор. Кадри Весели е осуден на 18 години, додека Реџеп Селими доби 13 години затвор.
Станува збор за првостепена пресуда.
