Денеска невреме – еве во кои делови од Македонија

Дали Знаете, Македонија

Денот вторник (15 септември) во Македонија ни носи промена на времето. Ќе имаме повеќе облачност а ќе дува и слаб до умерен ветер претежно од северен и од североисточен правец.

Особено во западните и во северните предели од Македонија ќе има и локални врнежи од дожд кои локално ќе бидат поројни и проследени со ретки грмежи како и со засилен ветер.

И во Скопје и околината денот вторник (15 септември) ни носи повеќе облачност и услови за повремен локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северен правец.

Наутро температурите во Македонија ќе се спуштаат во интервалот од 7 до 15 степени, а во Скопје и околината наутро температурата ќе се спушти до околу 13 степени. Максималните дневни температури пак ќе се искачуваат во интервалот од 21 до 27 степени. Во Скопје и околината максималната температура ќе се искачи до околу 26 степени.