(Видео) Македонија се враќа на Евровизија – ќе имаме свој претставник во Бургас

Дали Знаете, Македонија, Сцена

По пет години пауза, Македонија повторно се враќа на евровизиската сцена и ќе се придружи на останатите учесници во Бургас на 71-то издание на најпопуларниот музички натпревар.

Македонската делегација во Бургас ќе ја предводат Јана Бурческа и Александра Јовановска. Од МРТ најавуваат нов пристап за враќање на Евровизија.

Директорот Зоран Ристоски вели дека јавниот сервис има поддршка од ЕБУ во промоцијата на македонските културни вредности, а се очекува и поповолен пакет за враќање на натпреварот.

Ристоски најавува и промена во начинот на кој ќе се избира македонскиот претставник. Тој откри дека завршува практиката на нетранспарентен избор и јавноста ќе знае како и зошто е избран тој што ќе ги брани македонските бои. Кој ќе ја добие картата за Бургас – допрва ќе се знае.

Организацијата на Евровизија на официјалниот инстаграм-профил објавија видео со досегашните македонски учесници и ѝ посакаа на нашата земја повторно добредојде на музичкото натпреварување.