21 годишен фудбалер на Тетекс загина во тешка сообраќајна несреќа

Македонија, Хроника

Фудбалскиот клуб Тетекс од Тетово утрово ги потврди трагичните вести за смртта на младиот Даниел Николовски.

21-годишниот фудбалер кој до февруари годинава беше член на тетовскиот второлигаш го загуби животот во сообраќајна несреќа.

Од клубот не споделија детали околу несреќата, само напишаа дека се работи за случка од изминатата ноќ.

Упатија искрена порака на сочувство до семејството и блиските на Николовски.