Хрватска воведува доживотен затвор за најтешките кривични дела и го воведува екоцидот

Балкан, Дали Знаете

Хрватската влада до Собранието достави пакет измени со кои се предвидува доживотна затворска казна за 15 од најтешките кривични дела. Доколку измените бидат усвоени, новите правила треба да почнат да се применуваат од 1 јануари 2027 година.

Со измените се предвидува и укинување на застарувањето за кривичните дела за кои е пропишана долготрајна затворска казна или доживотен затвор.

Посебно внимание привлекува воведувањето на ново кривично дело – екоцид. Тоа ќе се однесува на случаи во кои со намерни постапки се предизвикуваат катастрофални, долготрајни и неповратни последици врз животната средина, вклучително и врз воздухот, водата, почвата и екосистемите.

Предложените измени опфаќаат и построги казни за одредени кривични дела, како и нови одредби поврзани со заштитата на животната средина и суровоста кон животните.