Испланирајте на време – доаѓа уште еден продолжен викенд

Дали Знаете, Македонија

Граѓаните во претстојниот период до крајот на годината ќе имаат можност за одмор со уште неколку неработни денови и продолжени викенди. Првиот неработен ден кој претстои е 12 октомври (понеделник) – Ден на народното востание. Бидејќи 11 октомври се паѓа во недела, неработниот ден се префрла во понеделник, со што се добива продолжен викенд.

Набрзо потоа следува 23 октомври (петок) – Ден на македонската револуционерна борба, што носи уште еден тридневен одмор за сите граѓани.

До крајот на годината, за сите граѓани неработен ќе биде и 8 декември (вторник), кога се одбележува празникот Св. Климент Охридски.

За граѓаните од католичка вероисповед во следниот период неработни денови ќе бидат:

  • 1 ноември (недела) – Празникот на сите светци
  • 25 декември (петок) – Божиќ, првиот ден на Божиќ