Како што е редот – ОДБОЈКАРИТЕ со истурање вода испратени на ЕП во Софија (ФОТО)
Македонската одбојкарска репрезентација денеска замина на Европското првенство Софија, Бугарија кое ќе се одржува од 9 до 16 септември. Во наредните два дена нашата делефација ќе може да се прилагоди и да ги направи последните подготовки пред настапот на турнирот.
Првиот натпревар го играме в среда и тоа против домаќинот.
На испраќањето беше испочитуван и традиционалниот обичај за истурање вода кое треба да донесе среќа и добар настап на нашата селекција.
