АЦА ЛУКАС ДОЖИВЕА СООБРАЌАЈНА НЕСРЕЌА ВО МАКЕДОНИЈА: Откажан настапот во Битола!
Познатиот српски фолк-пејач Аца Лукас денеска доживеал сообраќајна незгода во Македонија, пренесуваат српските медиуми.
Според информациите кои се појавија во јавноста, инцидентот се случил на наплатна рампа, каде што дошло до несекојдневна ситуација.
Како што пренесуваат медиумите, рампата од засега непознати причини паднала врз автомобилот во кој се наоѓал Лукас. При ударот била целосно скршена шофершајбната на возилото.
Најважната информација е дека во незгодата, според досегашните информации, нема повредени. Аца Лукас, како и останатите лица кои биле со него во автомобилот, се добро.
На возилото, сепак, е причинета материјална штета.
Засега не се познати сите околности под кои дошло до инцидентот, ниту точната причина поради која рампата паднала врз автомобилот.
По несреќата, според пишувањата, настапот на пејачот бил одложен.
