ШТИП ПОДГОТВУВА СПЕКТАКЛ ЗА ПАМЕТЕЊЕ: ЖЕЉКО ЈОКСИМОВИЌ ДОАЃА НА ПАСТРМАЛИЈАДА 2026
Штип се подготвува за уште една незаборавна музичка вечер. Општина Штип и официјално го потврди првото големо име од музичката програма за „Штипска Пастрмалијада 2026“, на сцената на Градскиот стадион ќе настапи еден од најпознатите музички уметници во регионот, Жељко Јоксимовиќ.
На 19 септември, илјадници посетители се очекува да бидат дел од големата фестивалска атмосфера, каде публиката ќе има можност да ужива во препознатливиот звук, безвременските хитови и енергијата на еден од најбараните регионални изведувачи.
По успешното издание минатата година, „Штипска Пастрмалијада“ продолжува со уште поголеми амбиции, квалитетна продукција и богата музичка програма која повторно ќе го стави градот во центарот на вниманието.
Настапот на Жељко Јоксимовиќ е само првото големо музичко име кое е откриено за годинашното издание. Организаторите најавуваат дека останатите артисти и целосната програма ќе бидат објавени во периодот што следува.
Штипска Пастрмалијада 2026
19 септември 2026
Градски стадион – Штип
Штип повторно ќе биде место каде музиката, традицијата и забавата ќе се обединат во една голема приказна.
