Општина Чаир ги повикува родителите: Пријавете ги децата на бесплатна обука по пливање
Во рамки на платформата „Чаир во ритамот на здравјето“, Општина Чаир организира Недела на учење пливање за деца, која ќе започне на 15 август. Програмата е бесплатна и има за цел децата да ги совладаат основните техники на пливање, истовремено поттикнувајќи здрави животни навики и физичка активност.
Наставата е наменета за деца од следните возрасни групи: 7–8, 9–10 и 11–12 години. Групите ќе бидат мешани (девојчиња и момчиња), со максимум 30 учесници во еден термин. Обуката ќе ја водат двајца инструктори по пливање, под надзор на четворица професори од Универзитетот „Мајка Тереза“.
Учесниците треба сами да обезбедат:
* Костим за пливање
* Капа за пливање
* Очила за пливање
Почеток на програмата: 15 август
Учество: Бесплатно
Бројот на места е ограничен. Ги повикуваме родителите и старателите навреме да ги пријават своите деца преку онлајн формуларот:
Пријавете се тука: https://cair.gov.mk/apliko/?lang=mk
