МЕТЕО АЛАРМ: Африканскиот топлотен бран стигнува на Балканот – температури над 40°C
Територијата на Балканот овој викенд (сабота и недела 1/2 август) ќе биде под влијание на најтоплиот бран од Африка ова лето кој ќе донесе екстремно високи температури на воздухот, како и стабилно, суво и претежно сончево време.
Најпогодени од овој екстремно топол бран ќе бидат Хрватска, Србија и Босна и Херцеговина каде локално температурите ќе се искачат до, па и над 40 степени.
Овој топол бран со голем интензитет на Балканот ќе се задржи и во текот на следната седмица.
