Мицкоски најавува поевтина струја, еве ги деталите

Дали Знаете, ЕКОНОМИЈА / ФИНАНСИИ, Македонија

Владата прави потрошувачко портфолио, кое што треба го усогласи со дистрибутерот ЕВН Хоум и со државниот производител ЕСМ со што би се обезбедила просечна цена на струјата за 5 до 10% поевтина од сегашната,

најави вчера од Виница премиерот Христијан Мицкоски кој одговараше на новинарски прашања за проектите за искористување на обновливи извори на енергија и како можат да влијаат врз цената на електричната енергија.

Оваа или следната недела ЕВН Хоум и ЕСМ ќе имаат заеднички работен состанок.

– Така што ние сега практично ги подготвуваме сите индикатори за да можат тие на крајот од годината да го распишат огласот и веќе за следната година да обезбедиме, можеби еден од ретките случаи ќе биде во Европа, ако не и единствен, каде што граѓаните би добиле до 5%, а можеби и повеќе, пониска цена на електричната енергија. Тоа ќе биде нешто што досега не се случило – да ги искористиме поволностите на обновливите извори на енергија, тоа е Сонцето, и во тој микс во текот на целата година да обезбедиме просечна цена на електричната енергија којашто, еве, јас сум умерен оптимист, би била 5 до 10% поевтина од сегашната. Но, ајде да видиме како сето тоа ќе го операционализираме – рече Мицкоски.