Продолжува во Тирана 29-тиот Семинар на Работна група на словенските малцинства во Европа во организација на ФУЕН и Македонско друштво “Илинден“-Тирана
Во Тирана продолжува 29-тиот Семинар на Работна група на словенските малцинства во Европа во организација на ФУЕН и Македонско друштво “Илинден“-Тирана.
Претставници на словенските малцинства од 20 организаци со 40 преставници од 11 држави Албанија, Германија, Австрија, Словенија, Хрватска, Естонија, Украина, Унгарија, Србија, Италија, Словачка.
Денска семинарот продолжи со посета на Парламентот на Република Албанија, се одржа панел дискусија: „Западен Балкан и неговите национални малцинства на патот кон ЕУ“ со Модератор: д-р Хартмунт Лајпнер, претседател на Работната група за словенски малцинства (АГСМ) и потпретседател на Федералната унија на европските националности (ФУЕН) на панел дискусија учество зема Атанас Плоча, заменик градоначалник на општина Пустец, Ендрит Фетаху, потпретседател на Македонска алијанса за европска интеграција, Дејан Чулафиќ, предавач на Универзитетот „Луиѓ Гуракуќи“ Скадар, Ентела Бињаку, директор на фондацијата „Хариет Мартино“, припадник на Влашкото национално малцинство во Албанија.
Истовремено, се дискутираше за работата на работната група на словенски малцинства (АГСМ). На крајот се одржа гала вечера 30 години работната група на словенски малцинства (АГСМ) пристапи и македонска музичка група „Бајрами“ од село Орешек областа Гора.
