Интензивно се уредуваат зелените површини во Прилеп

Македонија

ЈКП „Комуналец“ – Прилеп информира дека привршува косењето на зелените површини во Градската река, а од утре со дополнителна екипа косачи започнува и второто косење на Новите градски гробишта.

Од претпријатието посочуваат дека поради врнежливото време и изгубените работни часови за косење, како и поради забрзаната вегетација, активностите се одвиваат со засилен интензитет.

„Комуналец“ ги информира граѓаните дека Градските гробишта ќе бидат целосно искосени и уредени во наредниот период, со цел одржување на хигиената и уредувањето на јавните површини во Прилеп.