Коњановски: Нови можности за партнерство меѓу Битола и Полска

Македонија

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, денеска оствари работна средба со полскиот амбасадор Мариуш Бримора, кој престојува во прва официјална посета на Општина Битола.

На средбата се разговараше за унапредување на билатералните односи меѓу Северна Македонија и Полска, при што Коњановски го запозна амбасадорот со потенцијалите и развојните можности на градот.

Посебен акцент беше ставен на економската соработка, како и на можностите за поврзување во областа на културата и уметноста. Градоначалникот истакна дека Битола, како град под Пелистер, нуди значајни ресурси и услови за инвестирање и меѓународна соработка.

Средбата заврши со размена на пригодни подароци, како симбол на пријателството и подготвеноста за понатамошно продлабочување на односите меѓу двете страни.