Земјотрес со јачина од 6 степени – еве каде е епицентарот

Свет

Силен земјотрес со магнитуда од 6 степени според Рихтеровата скала го погоди подрачјето во морето во близина на индонезискиот остров Тимор, соопшти државната геофизичка агенција.

Според официјалните информации, епицентарот на потресот се наоѓал на длабочина од околу 31 километар под морското дно.

Надлежните институции веднаш излегоа со уверување дека нема опасност од појава на цунами.

Засега нема информации за евентуални жртви или материјална штета, а ситуацијата внимателно се следи од локалните власти.

Индонезија се наоѓа во таканаречениот „Пацифички огнен појас“, регион познат по честите земјотреси и вулканска активност, поради што ваквите сеизмички настани не се невообичаени.