Комуналец Прилеп: Населбата Бончејца заглавена поради мебел пред контејнерите
Во моментот, цела покуќнина е изнесена до контејнерите на улицата Бидимаш во населбата Бончејца, соопшти ЈКП Комуналец Прилеп.
Дел од мебелот се наоѓа на сообраќајницата и го попречува нормалното движење на возила, додека пешаците не можат да поминат по тротоарите. Од Комуналец посочуваат дека дополнителен коментар не е потребен.
