Шокантна изјава на Трамп: Цела една цивилизација ќе умре вечерва!
Американскиот претседател Доналд Трамп објави порака за рокот што му го даде на Иран за повторно отворање на Ормутскиот теснец.
Во објава за време на викендот, Трамп му даде рок на Техеран до 1 часот наутро во среда по британско време.
„Цела цивилизација ќе умре вечерва и никогаш нема да се врати“, рече тој.
„Не сакам тоа да се случи, но веројатно ќе се случи. Сепак, сега кога имаме целосна и тотална промена на режимот, во која ќе преовладуваат различни, попаметни и помалку радикализирани умови, можеби може да се случи нешто револуционерно добро – којзнае? Ќе дознаеме вечерва, во еден од најважните моменти во долгата и сложена историја на светот. 47 години изнуда, корупција и смрт конечно ќе завршат. Бог да ги благослови големите луѓе на Иран“, објави Трамп.
