Дали започнува сценариото од пророштвата? Ванѓа и Нострадамус предупредувале за 2026 година

Дали Знаете

Нападот врз Иран ги актуелизира пророштвата на Баба Ванѓа и Нострадамус за 2026 година, во кои се споменуваат глобални конфликти и катастрофални настани.

Израел и Соединетите Американски Држави започнаа масовен воен напад врз Иран. Според иранските државни медиуми, врховниот лидер, ајатолахот Али Хамнеи, е убиен во воздушни напади во Техеран. Загинале и други високи функционери, меѓу кои и командантот на Револуционерната гарда и министерот за одбрана. Повеќето политички аналитичари сметаат дека конфликтот нема брзо да се смири и дека во голема мера е мотивиран од желбата на американската администрација да го смени иранскиот режим. Некои, пак, назнаки за овој судир пронаоѓаат во древни записи и различни теории.

Прогнозите на Баба Ванѓа и Нострадамус внимателно се анализираат и 30 години по смртта на бугарската пророчица Вангелија Пандeва Димитрова Гуштерова – Баба Ванѓа, како и 460 години по смртта на францускиот астролог и визионер Мишел де Нострадам, односно Нострадамус. Дел од нивните предвидувања се однесуваат токму на 2026 година.

Нивните визии се толкуваат во контекст на политички, природни и општествени промени. Иако често се контроверзни, тие и понатаму ја интригираат светската јавност.

Предвидувањата на Баба Ванѓа за 2026 година
Голем глобален конфликт (Трета светска војна)
Според толкувањата, Ванѓа предвидела војна од големи размери што ќе започне во 2026 година и ќе вклучи големи сили, проширувајќи се на повеќе континенти. Некои интерпретации го поврзуваат ова со Блискиот Исток и земји како Иран, Кина, Русија и САД.

Катастрофални природни непогоди
Се споменуваат силни земјотреси, вулкански ерупции и екстремни климатски појави што би можеле да погодат значителен дел од планетата.

Доминација на вештачката интелигенција
Според толкувањата, до 2026 година вештачката интелигенција би можела да достигне ниво на влијание што ќе доминира во клучни одлуки и индустрии.

Прв контакт со вонземски живот
Се наведува дека во ноември 2026 година големо вселенско летало би можело да влезе во Земјината атмосфера.

Нов „господар“ од Русија
Толкувањата сугерираат појава на моќен лидер од Русија или од нејзината сфера на влијание.

Светска економска криза
Можно е нагло нарушување на глобалниот финансиски систем, банкарски колапс и висока инфлација.

Драматични промени на пазарот на злато и суровини
Се споменуваат големи осцилации во цената на златото и губење или засилување на неговиот статус како „сигурно засолниште“.

Климатски пресврт
2026 година се толкува како пресвртна точка во климатските промени и еколошките катастрофи.

Геополитички подем на Азија
Кина или друга азиска сила би можела значително да ја зајакне својата глобална позиција.

Масовни миграции и технолошки потреси
Комбинација од еколошки, политички и технолошки кризи би можела да доведе до големи општествени трансформации.

Предвидувањата на Нострадамус за 2026 година
Според современите толкувачи на неговите стихови, 2026 година може да биде обележана со:

„Владеење на Марс“
Марс, симбол на војна и агресија во астрологијата, би имал силно влијание, што се поврзува со пораст на глобални тензии и конфликти.

Голем европски судир
Некои толкувања предупредуваат на можен голем конфликт во Европа и зголемена нестабилност.

Промена на глобалната рамнотежа на моќта
Стиховите за „три огнови од Исток“ се поврзуваат со економскиот и технолошкиот подем на азиските сили, додека „гаснењето на светлината на Западот“ симболизира внатрешна криза на западните општества.

Криза на вредностите и меѓучовечките односи
Се споменува „губење на моќта на Венера“, што симболично се толкува како слабеење на љубовта, хармонијата и солидарноста.

Технолошка револуција без контрола
Иако Нострадамус не зборувал за вештачка интелигенција, неговите визии за нови ентитети што ја менуваат историјата денес се поврзуваат со стравовите од доминација на технологијата над човекот. Некои толкувачи 2026 ја нарекуваат „точка без враќање“.