Коњановски: Со програмата „Заедници со интегритет“ ја градиме довербата на граѓаните во Битола
ПРОГРАМАТА „ЗАЕДНИЦИ СО ИНТЕГРИТЕТ“ ДЕНЕСКА ВО ОПШТИНА БИТОЛА
Оваа програма има за цел да им помогне на општините во Македонија да создадат и институционализираат силни системи и практики за интегритет кои ги минимизираат ризиците од корупција и ја зголемуваат довербата на граѓаните.
На денешната обука „Судур на интереси“ присуствуваа вработени од општинската администрација, избрани и именувани функционери.

Програмата „Заедници со интегритет“ е проект финансиран од владите на Швајцарија и Шведска, а спроведен од Националниот демократски институт (НДИ).
Програмата се спроведува во неколку општини, а меѓу нив е и Општина Битола.
Градоначалникот Тони Коњановски во поздравниот говор изрази благодарност што и Општина Битола е дел од овој проект, истакнувајќи дека оваа е многу важно за Општина Битола и натаму да биде високо позиционирана на листата за транспарентност и исполнување на обврските без судир на интереси.

Претставникот од Националниот демократски институт ја спомена одличната вест од пред неколку недели дека Општина Битола е високо рангирана од страна Транспаренси Интернешнл – Македонија.
За судирот на интереси-управување, забрани и ограничувања за вработени во јавниот сектор, зборуваше Адем Чучуљ, претседател на Државната комисија за спречување корупција.
