Не можеше да премолчи – доцна вечерва се обрати Никола Груевски, еве што порача
ВИСТИНАТА Е КАКО ШИЛО!!! ЌЕ БОДИ, ЌЕ БОДИ…, ЛЕВО-ДЕСНО, НАПРЕД-НАЗАД, И ОП…ЌЕ ИЗЛЕЗЕ НА ПОВРШИНАТА
По поранешната обвинителка во СЈО Лејла Кадриу која беше сменета, а потоа и разрешена затоа што одбила да ги спроведува наредбите на СДСМ предводен од Зоран Заев, а дадени до СЈО за кој кажа дека личел на партиски штаб на СДСМ, во јавноста проговори и поранешниот судија на врховниот суд на Македонија Ристо Катавеновски.
Тој отворено потврди дека тогаш судијката во кривичниот суд, а денес наградена како член на уставниот суд – Добрила Кацарска судела судски случаи по политичка нарачка за да добие унапредување (видовме дека тоа било за да стане член и претседател на уставниот суд).
Тој кажа дека немало никакви докази за случајот “Тенк” за набавениот блиндиран Мерцедес и за квалификацијата по која беа осудени луѓето од случајот “27 април”, кое судење го нарече “катастрофално”.
Кажа и дека врховниот суд го укинал притворот на луѓето од “27 април”, а веќе следниот ден, кривичниот суд донел нова одлука за нивни притвор и со тоа спречил извршување на одлука на врховниот суд, што е не почитување на одлука на Врховен Суд на Македонија, што судијката Кацарска не би си го дозволил освен ако не била политички и кариерно мотивирана, и секако личност без интегритет.
И конечно тој кажа дека биле разрешувани и судии доколку одбивале да го испочитуваат тоа што од нив се очекувало да испорачаат.
А знаеме дека тогаш главниот нарачувач и главата на политичкиот прогон беше Зоран Заев.
Самиот судија Ристо Катавеновски бил разрешен затоа што не прифатил да подготви извештај до советот во кривичниот суд за случајот “Тенк” (набавката на блиндираниот Мерцедес), со кој ќе се потврди пресудата на Кацарска од кривичниот суд и од апелациониот суд во Скопје кој сосема сигурно на ист начин одлучуваше. „За злоупотреба мора да има доказ за штета или за корист. Овие два елемента не беа исполнети“, кажа неправедно разрешениот судија Катавеновски.
Тоа беше време кога мнозинството од судиите кои ги судеа политичките предмети не само што судеа што ќе им кажат, туку така беа исплашени што понекогаш ако немаше, сами бараа насока од политичарите како да пресудат за да не згрешат. Или алтернативно во политичките предмети ќе пресудеа на начин што ја гледаа општата политичка атмосфера и ценеа каква одлука би го задоволила Заев. Еве како судијата Катавеновски вели за неговиот разрешување, а е во сличен дух: „Не е директно до Судски совет. Додека некој не им каже, тие не постапуваат. Мора да им каже некој“.
Веднаш штом изразил свој став со несогласување за потврдување на пресудата заради немање доказ, Катавеновски бил разрешен од судија, веќе следниот ден. Му се одмаздиле затоа што не сакал да учествува во еден нечовечки политички прогон.
