Проданоски со порака за Прочка: Простете и простено нека ни е на сите

Македонија

По повод празникот Велики поклади – Прочка, градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски, упати порака за простување, смирение и зацврстување на меѓусебната доверба.

Во својата објава тој истакна дека празникот нè повикува на искрено преиспитување и подадена рака кон ближниот, нагласувајќи дека простувањето е вредност што ги надминува недоразбирањата и ги зацврстува односите меѓу луѓето.

„Да си простиме еден на друг, да покажеме човечност и разбирање и да продолжиме обединети во градењето подобра иднина за нашата општина“, порача Проданоски.
Тој додаде дека токму преку почит, доверба и слога може да се создаде подобра заедница за сите граѓани.

Пораката ја заврши со традиционалниот поздрав: „Простете и простено нека ни е на сите“.