Дојде ли време за истрага на СЈО: Кој ќе ја отвори „Пандорината кутија“?
За многумина уште кога се создаваше СЈО, на сега веќе осудената Катица Јанева, беше јасно зошто ќе се користи тоа неуставно обвинителско тело. Ама имаше многумина кои гордо го носеа амблемот на маиците и чекаа апсења на неистомисленици.
И сега по толку години, поранешната обвинителка Лејла Кадриу која беше во СЈО изнесе тврдења дека таму се работело со многу неправилности и нарачки.
СЈО беше формирано со цел да се справи со високите случаи на корупција и злоупотреби во политиката, а всушност, според тврдењето на Кадриу, и самото било центар на корупција и политички злоупотреби.
Се отвараат сомнежи за постапките покренати од ова обвинителство со многу неправилно водење на истраги и можна злоупотреба на ингеренции насочени кон директна пресметка со политичките противници.
Дојде ли време за ново СЈО кое ќе истражи што се се правело старото? Всушност, не треба да се повтори грешката со нови измислени институции, доволно е од постојното Обвинителството да покренат истрага.
Се повеќе граѓани бараат истрага за расчистување на сомнежите дека СЈО било маша во рацете на СДСМ и нејзиниот тогашен лидер Зоран Заев.
Нужно е тоа, оти дел од тамошните обвинители се уште се на високи функции во Обвинителството.
