ПлусИнфо: СВЕДОШТВАТА ЗА „ПУЛС“ ЈА УРИВААТ ТЕОРИЈАТА ЗА СИСТЕМСКИ ПРОПУСТИ ВО МИНАТОТО Смртоносната стапица била создадена со градежни интервенции направени непосредно пред несреќата

Македонија

Вчерашното рочиште за трагедијата во кочанската дискотека „Пулс“ донесе морничави, но правно исклучително значајни детали кои фрлаат сериозен сомнеж врз одржливоста на конструкцијата на Обвинителството. Додека обвинителниот акт се обидува да воспостави причинско-последична врска која се протега повеќе од една деценија наназад, живите сведоци, оние кои го преживеаја ужасот, опишаа фактичка состојба која нема речиси никаква допирна точка со административните процедури од минатото.

Исказите на сведоците Иван Данаилов и Кристијан Панов не само што ја реконструираа кобната ноќ, туку и, можеби несвесно, ја демаскираа клучната слабост на обвинението: се суди за документи од пред 10-12 години, а луѓето гинеле во објект кој бил физички изменет, реновиран и воден по сосема нови, опасни правила во 2025 година.

Целиот текст може да го прочитате на ПлусИнфо.мк