Реконструкција и нови спортски сали: Општина Битола инвестира 4,7 милиони евра

Македонија

Годинава големи инвестиции во спортската училишна инфаструктура и со тоа Општина Битола ја потврдува својата цврста определба и заложба за подобрување на условите за функционирање на училиштата и во делот на спортските активности, негувајќи ја максимата „во здраво тело-здрав дух“.

Во капиталните расходи на Развојната програма, обезбедени се средства со што Општина Битола продолжува со визијата за подобри услови за учениците, поради што претстои комплетирање на проектите:

-Реконструкција на објектот на спортската сала во Бистрица.

Изградба на три типски училишни спортски сали во:

  • ОУ „Стив Наумов“,
  • подрачното училиште „Даме Груев“ во Долно Оризари и
  • централното ОУ „Тодор Ангелевски“ во населбата Ушици.

Исто така ќе започне и изградбата на спортски игралишта во училиштата:

  • „Гоце Делчев“,
  • „Даме Груев“,
  • „Коле Канински“ – населба „Буковски ливади“,
  • подрачното училиште „Тодор Ангелевски“ во населбата „Горно Оризари“,
  • во поранешното турско училиште во ОУ „Гоце Делчев“,
  • во ОУ „Тодор Ангелевски“ во населбата Ушици.

Предвидена е и реконструкција на спортските игралишта во основните училишта:

  • „Климент Охридски“,
  • „Трифун Пановски“,
    -„Ѓорги Сугарев“ и
  • во населбата „Стрелиште“.

Овие проекти се реализираат со средства од Владата во вкупна вредност од 227.828.903,00 денари, а Општина Битола од основниот буџет обезбедува 61.599,996,00 денари.