Општина Битола и екипите на „Водовод“ работат на санација на подрачјата погодени од дожд
Во координација со граѓаните, екипите на ЈКП „Водовод“ од Битола интензивно работат на терен за санација на подрачјата погодени од поплави. Активностите се насочени кон село Логоварди, населбата Буковски ливади и улицата Бурса.
Од општината информираат дека се преземаат сите неопходни мерки за расчистување на наносите и обезбедување на нормални услови за жителите. Граѓаните се вклучени во помагањето на локалните екипи, со цел побрзо и поефикасно да се решат проблемите предизвикани од обилните врнежи.
