НЕМА ДА ВИ СЕ ВЕРУВА – ОВА СЕ ПОСЛЕДНИТЕ БАРАЊА НА ЉУПЧО ПАЛЕВСКИ И ДРУГИТЕ ТРОЈЦА УБИЈЦИ НА ВАЊА И ПАНЧЕ

Македонија, Хроника

Неправосилно осудениот Љупчо Палевски и тројцата соучесници во грабнувањата и свирепите убиства на 14-годишното девојче Вања Ѓорчевска од Скопје и на Панче Жежовски од Велес, поднесоа жалби против доживотните затворски казни.

Како што дознава САКАМДАКАЖАМ.МК, тие од Апелациониот суд Скопје не бараат ослободителни пресуди, туку укинување на првостепената пресуда и враќање на постапката отпочеток, во Кривичниот суд Скопје.

Судија-известител од Скопска апелација за овој предмет е Ѓоко Ристов. Судијата вели дека детали од поднесените жалби не знае, бидејќи како стигнал предметот минатата недела, така веднаш бил комшлет пратен во Вишото јавно обвинителество Скопје на мислење.

„Предметот е во ВЈО Скопје и кога ќе го добиеме мислењето, веднаш ќе закажам расправа”, вели судијата-известител.

За кривичните дела грабнување и две свирепи убиства, судијата Ивица Стефановски на сите четворица обвинети на чело со Љупчо Палевски им одреди по 10 години за грабнување на 14-годишната Вања Ѓорчевска од Скопје и на 74-годишниот Панче Жежовски од Велес, а за свирепите убиства доживотен затвор за сите. Покрај Палевски, првостепено на доживотен затвор се осудени и Велибор Манев, Боре Видевски и Влатко Кешишев. Таткото на Вања, обвинетиот Александар Ѓорчевски, е ослободен од обвинението, за што Обвинителството поднесе жалба до Апелација.

Во образложението, судијата кажа дека на 27 ноември 2023 во седум часот, по насока на Палевски, Видевски и Манев ја грабнале Вања со намера од член на семејството да изнудат пари. Кога детето излегло од лифтот, ја чекале Видевски и Манев. Ја фатиле за устата и половината, ја совладале, заканувајќи ѝ се да не вика.

Во вреќата за спиење ја ставиле на стомак, Манев ја врзал за рацете и нозете, Видевски ѝ се заканил да не вика оти ќе пукаат, Манев ја ставил преку рамото и ја сместиле во гепекот на „ситроенот“ на веќе покојниот Панче Жежовски.

По насоки на Палевски, ја однеле на местото Дупки кај Бразда и изложувајќи ја на тешко психичко страдање, Палевски ја убил. Таа починала веднаш од куршумот што ѝ поминал низ мозокот, сѐ до прешлените.

Претходно на 22 ноември 2023 година, на ист начин, Манев го нападнал, Видевски го совладал и му залепил лента на устата. По насоки на Палевски, го однеле на местото Рудник над Велес, Палевски го убил, со еден куршум му го растурил мозокот.

И во двата случаја, возел или чувал стража, односно логистика им бил четвртоосудениот Влатко Кешишев.