Најголемиот зимски фестивал во Македонија се враќа – Битола под светлата на Зимска Приказна
Од 20 до 31 декември, Битола повторно ќе се преобрази во светлечка зимска бајка со осум локации полни со празнична магија. Од Плоштадот Магнолија, преку Широк Сокак, Офицерски и Пациото на музејот, па сè до Старата чаршија и Пелистер, градот ќе се претвори во голема сцена на култура, музика и улична уметност.

На посетителите им се подготвуваат детско кино под отворено небо, живи концерти, DJ сетови, зимски базар и гастрономски изненадувања, како и светлечки инсталации што ја нагласуваат архитектурата на Битола. Секоја локација ќе нуди различна атмосфера, создавајќи празнична целина што ги опфаќа сите генерации – од децата што веруваат во чудо, до семејствата и младите кои го бараат ритамот на градот.
Организаторите потенцираат дека Зимска Приказна не е само фестивал, туку празнична приказна што ја живее целата заедница, а оваа година Битола ветува уште посветла и повесела атмосфера за сите свои посетители.
Добредојдовте во Зимска Приказна на прагот на 2026 година!
