Дали ќе паѓа снег во Македонија за Нова година: Објавена е најновата прогноза

Дали Знаете, Македонија

Зимата календарски сè уште не започнала, но ноември веќе неколкупати донесе вистинска зимска слика со обилен снег, при што побелеа многу градови во Македонија. До крајот на годината останува еден месец, а многумина веќе планираат каде ќе ја дочекаат новата година и какво време да очекуваат.

Почетокот на декември – потопло време
Декември ќе донесе стабилизација на времето и значително повисоки температури.

Дневната температура ќе се движи над 10 степени, а во одредени денови и до 15.

Времето ќе биде претежно суво, со повремена локална дождливост.

Втората половина на декември – поладно и променливо

Според актуелните прогнози, првата половина од декември ќе биде потопла и постабилна, без зимски сценарија.

Втората половина од месецот би донела пониски температури и променливо време.

Сепак, прогнозите подолги од 10–15 дена не се целосно доверливи, па најточни се краткорочните и среднорочните прогнози.

Дали ќе има снег за Нова година?
Во овој момент е сè уште многу рано да се прогнозира времето за новогодишната ноќ.

Според статистиката од минатите години:
– околу три од десет Нови години биле со снег,
– три со дожд,
– а три суви или со магла.