Градоначалникот Тоневски најави дигитализација и нова локација за даночните услуги

Македонија, Политика

Канцеларијата на Даночното одделение на Општина Пробиштип, која досега се наоѓаше на третиот кат од општинската зграда, од денес функционира на приземје – во првата канцеларија веднаш по главниот влез.

Градоначалникот Тони Тоневски информира дека промената е направена со цел граѓаните полесно да ги користат услугите, да остварат побрза комуникација со администрацијата и да добијат поефикасна услуга.

Паралелно со ова, Општина Пробиштип започнува и со активности за дигитализација и зголемена транспарентност во даночното работење, мерки кои, според најавите, наскоро ќе бидат видливи и достапни за сите.

 

Тоневски порача дека општината останува насочена кон подобри и поблиски услуги за граѓаните, нагласувајќи дека редовното плаќање на даноците е заеднички чекор кон уреден, стабилен и модернизиран Пробиштип.