ВАРДАР „ПОЛН“ СО ВОДА ПО ДВОДНЕВНИТЕ ВРНЕЖИ, пообилни дождови се очекуваат и за викендот
Утре и за време на викендот се очекуваат пообилни врнежи од дожд, односно да наврнат над 30 литри на метар квадратен за 24 часа, локално во форма на невреме со засилен ветер и услови за појава на грмежи
Во Скопје утрово ќе има услови за појава на магла. Потоа, во текот на денот времето ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд, но со послаб интензитет.
Обилни дождови ја зафатија целата територија на нашата Република Македонија и тоа поради влијанието на силниот циклон од Џенова под чије влијание ќе бидеме се до крајот на оваа недела. Најмногу дожд во изминатите 72 часа до 21 часот вечерва наврна во Лазарополе и тоа дури 104 литри дожд. Во повеќето градови пак во западна Македонија количеството на врнежи надмина 60 литри дожд.
Дводневните врежи ги наполнија водотеците на реките во Македонија, а утрово нивото на Вардар во Скопје беше неколку сантиметри под патеките за пешачење.
Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 11, а максималната ќе достигне од 15 до 19 степени.




