Проданоски: Граѓаните на Прилеп активно учествуваат во креирањето на буџетот за 2026 година

Македонија, Политика

Вечерва во Прилеп беше одржана првата средба од циклусот консултации во рамките на процесот за креирање на Буџетот на Општина Прилеп за 2026 година. На средбата активно учествуваа голем број сограѓани и претставници од урбаните и месните заедници, кои ги изнесоа своите предлози, идеи и приоритети.

Градоначалникот Дејан Проданоски истакна дека конструктивната дискусија уште еднаш ја потврди важноста на отворениот и транспарентен процес, преку кој заедно можат да се обликуваат вистинските насоки за развој на општината.

Следната средба е закажана за понеделник, кога фокусот ќе биде ставен на реалниот сектор, стопанствениците, претставниците од невладиниот сектор и останатите релевантни централни институции.

 

„Ви благодарам на довербата и на активната вклученост. Заедно креираме буџет за сите“, порача Проданоски.