Коњановски: Екипите продолжуваат со работа, состојбата во Битола е под целосна контрола
Екипите на јавните претпријатија и Водостопанство Битола и вечерва се на терен на сите критични локации. Според информации од градските служби, состојбата е стабилна и под целосна контрола, без никаква опасност за месното население.
Во текот на целата вечер дежураат екипи со соодветна механизација, подготвени за навремена интервенција доколку се појави потреба.
„Продолжуваме со активно следење на ситуацијата“, изјави Тони Коњановски.




