Ѓорѓиевски на прва работна средба со амбасадорот Рокас

Македонија

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска во градската администрација одржа значајна работна средба со амбасадорот на Европската Унија, Н.Е. Михалис Рокас, како и со првиот советник и раководител на Секторот за економски прашања во Делегацијата на ЕУ, Марија Канелопулу.

Ова беше првата средба меѓу градоначалникот и претставниците на ЕУ по неговото стапување на функцијата. Разговорите биле насочени кон можностите за продлабочување на соработката и дефинирање на идните заеднички иницијативи.

Ѓорѓиевски истакна дека ваквите средби се клучни за развојот на главниот град, бидејќи носат нови идеи, партнерства и конкретни проекти што можат да го унапредат урбаниот и економскиот развој на Скопје.

 

Тој изрази уверување дека соработката со Европската Унија ќе продолжи да се интензивира и дека преку координирани активности ќе се изгради современо, отворено и европско Скопје, во согласност со очекувањата на скопјани.