Општина Пробиштип организира јавни консултации за заштита на природата и управување со отпад
Општина Пробиштип ги поканува сите засегнати страни и граѓани да учествуваат на јавни консултации за Регионалниот систем за управување со отпад и Стратегиската оцена на влијанието врз животната средина за Источниот и Североисточниот регион.
Консултациите ќе се одржат на 17 ноември 2025 година, понеделник, во Сала на Совет – Дом на култура, со почеток во 10:00 часот.
Општината ги повикува сите заинтересирани граѓани да присуствуваат и да дадат свој придонес во процесот на консултации, со цел подобро управување со отпадот и заштита на животната средина во регионот.




