Прва работна средба на амбасадорката на Кина во општина Битола

Македонија

Новоименуваната амбасадорка на Народна Република Кина во Република Македонија, Џијанг Сјаојан, денеска оствари своја прва работна посета на општина Битола.

Амбасадорката беше пречекана од градоначалникот Тони Коњановски, а во текот на средбата таа изрази големо задоволство од посетата и беше воодушевена од архитектонската убавина на Битола.

Градоначалникот Коњановски ја истакна богатата културна и историска традиција на градот, додека амбасадорката посочи дека е од особено значење една земја да го чува своето минато и традиција, нагласувајќи ја важноста на зачувување на културното наследство.

 

Средбата ја потенцира важноста на дипломатските односи и можностите за соработка меѓу Македонија и Народна Република Кина.