Високи температури, поројни дождови и сонце: Променливото време продолжува и неделава

Времето денес

Високи температури на воздухот, обилни дождови и појава на сончеви периоди е прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи за следните неколку дена. Утре се очекува времето да биде претежно облачно со повремени локални врнежи од дожд, кои наместа ќе бидат поројни и пообилни со грмежи и ветер претежно од југоисточен правец.

Температурите, според најавата од УХМР утре ќе се движат до 18 степени Целзиусови, а во вторник до 19, а во среда и четврток до 18 степени. Врнежите ќе траат до вторник, по што времето ќе биде сончево со мала облачност.

Ознаки: временска прогноза, поројни дождови, УХМР